Како се бодрат Косовците…„Пред две децении немавме ни копачки, ни дресови, сега играме за ЕП“

Не можеле ниту да замислат дека ќе стигнат до тука. Пред две децении на Косово се играл фудбал во кал, фудбалерите немале ниту копачки, ниту дресови, владеела сиромаштија, а сега имаат сопствена држава, сопствена фудбалска репрезентација и се на два чекора од пласман на Европско првенство. Ова е мотивот со кој косовските репрезентативци и вечерва ќе истрчаат на арената „Тодор Проески“ во пресметката против Македонија.

Со фотографија од селото Лукар од 1997 година, кое е во близината на Приштина, отсликано е патењето на косовските граѓани.

„Никогаш нема да го заборавиме нашето патење и страдање. Немавме дресови, немавме стадиони, немавме копачки. Ја имавме само љубовта кон државата и кон фудбалот. Сега дојдовме толку далеку за да се откажеме. Да се бориме и да победиме за татковината“, се вели во прогласот објавен на социјалните мрежи, како порака за фудбалерите.

Се вчитува...