Сагата околу иднината на Лионел Меси беше главна вест минатата недела во светот. На крајот Меси донесе одлука да остане во клубот во кој што го остави својот живот и клубот за кого даде се. Целата сапуница почна на 25. август кога Меси објави дека бара да замине од Барселона. Само ден подоцна се појавија шпекулации дека тој е договорен со Пеп Гвардиола и дека ќе премине во Манчестер Сити.
На 30. август англискиот тим почна да ја подготвува сумата која што треба да и ја исплати на Барселона за трансфер на Лионел Меси, а почна да се шпекулира и со сумата на платата која ќе ја заработува Аргентинецот на „Етихад“. Сепак, на крајот завршницата веројатно беше најочекувана. Лео денеска донесе одлука со која и оваа сезона ќе остане во Барселона иако јавно говори дека е против раководството на тимот предводено од претседателот Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА