Како се роди кошарката – пред 127 години одигран е првиот натпревар

Пред 127 години одигран е првиот натпревар во спортот кој денеска е еден од најпопуларните во светот – кошарката.

Играта ја измислил Џејмс Нејсмит, спортист, теолог и професор по физичко образование. Причината бил студот! Неговите студенти во текот на зимата не можеле да играат американски фудбал и бејзбол, тогаш веќе осмислените американски спортови, па Нејсмит одлучил да смисли игра која ќе биде забавна за студентите на часовите по физичко на Универзитетот Спрингфилд.

Нејсмит на 21 декември 1891 година поставил две корпи за овошје на двата краја од салата и покрај тоа смислил 13 правила за новата игра. Одбрал двајца студенти како капитени кои ги бирале своите тимови. Откако тимовите биле избрани , тој ја потфрлил фудбалската топка  меѓу двајцата капитени.

Тоа беше почеток на првиот кошаркарски натпревар и крај на проблемите со незадоволните студенти кои дотогаш не ги сакаат спортовите во сала“ – напишал Нејсмит во своите мемоари.

Спортот уште од почетокот го привлекол интересот на играчите и на навивачите. До 1936 година кошарката била  вклучена  како еден од спортовите на Олимписките игри и тој статус го има до ден денес.

Кошарката денес се игра професионално во 170 змеји во светот. Во 1968 година во Спрингфилд е отворена и Кошаркарската куќа на славните која го носи името на Нејсмит.

Се вчитува...