Како се станува светски првак…Еден месец со „експертите“ (ВИДЕО)

Ракометарите на Франција ја одбранија светската круна на мундијалот што се одржа во нивната земја, покажувајќи дека се уште се и тоа како доминантни во светот на ракометот. Никола Карабатиќ и другарите покажаа страст, желба, сила, цврстина, карактер и квалитет, каков што нема ниту една друга селекција. Токму затоа се и најдобри.

Еден месец се подготвуваа, мечтаеја за одбрана на шампионскиот трофеј, а потоа и успеаја да ја остварат целта, со максимален број победи на мундијалот. Ракометната федерација на Франција изработи и посебен видеоматеријал, заокружувајќи го големиот успех на нивните „експерти“…

EdF Hand – Champions du Monde 2017 by ff-handball

Се вчитува...