Сосема неочакувано, ако се суди според активностите на трансфер пазарот изминатово лето, екипата на Шкупи по 11 кола од домашниот шампионат е на последното место на првенствената табела.
Чаирчани се уште трагаат по лекот како да излезат од кризата која трае од првото коло во новата сезона. Пред новиот тренер Умут Каран и фудбалерите сега е нов тежок предизвик, денеска од 13:30 часот на Чаир против Академија Пандев.
По поразот во претходното коло на гостувањето против Победа, сега за Шкупи не останува ништо друго освен атак на трите бода. Но, јасно е дека и Академија Пандев не се откажува така лесно од бодовите повеќе од неопходни за нив во битката за водечките позиции, заедно со Вардар и со Шкендија.
Тежок дуел денеска го очекува и Работнички на „Филип Втори“. „Романтичарите“ ќе мора, по оној претходен пораз од Силекс, да се вадат против Победа.
„Анализирани се грешките од дуелот со Силекс, па без сомнение се надеваме на многу поквалитетно издание против Победа на домашен терен“ – вели стратегот на Работнички, Жикица Тасевски.
ДВОЈКИ – 12.КОЛО (денеска, 13:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА