Поранешната најдобра тенисерка на светот и четирикратна гранд-слем шампионка Наоми Осака изрази голема почит кон Новак Ѓоковиќ.
Одговарајќи на прашања на Инстаграм, таа истакна дека Србинот е еден од нејзините омилени тенисери и дека како созрева се повеќе го цени.
„Искрено, како што созревам навистина научив да го ценам Новак многу повеќе. Чисто како тенисер, човекот е неверојатен“, изјави Осака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА