Како Струга нема друга – Најдобра одбрана во лигата, во комбинација со прецизен напад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Струга Трим Лум е најпријатното изненадување сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Но, и тоа не е неочекувано, за добрите фудбалски аналитичари, ако се знае дека на клупата е Срѓан Захариевски.

Па, на крајот стружани се тактички една од најподготвените екипи во лигата тоа отворено демонстрирајќи го и во триумфот од 1-0 против Ренова. Најдобрата одбрана во лигата која досега има примено само девет гола во 12 натпревари, комбинирана со прецизниот напад кој мајсторски ја искористува секоја реална можност на крајот со резултатски пласман меѓу најдобрите четири екипи во шампионатот.

Денеска стружани сосема заслужено се радуваа на нови три бода, овој пат против „гипсарите“, благодарение на прекрасниот погодок на Клисман Цаке уште во првото полувреме.

 

 

Се вчитува...