Како викаше Кутињо?… Одам од Ливерпул во Барселона за да ја освојам Лигата на шампионите!

По синоќешните два натпревари од Лигата на шампионите, и пласманот на Ливерпул во полуфиналето а елиминацијата на Барселона од Рома сосема очекувано на сцена и европските сеирџии ширум социјалните мрежи.

По двата синоќешните дуели прв кој и дојде на мисла на европската фудбалска јавност е Бразилецот Филипе Кутињо кој на почетокот од годинава од Ливерпул се пресели во Барселона.

„Заминувам од Ливерпул и се селам во Барселона затоа што сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Тоа е мојот сон“ – ќе истакна Кутињо… А, еден месец потоа неговата Барса е елиминирана во четвртфиналето од ЛШ.

Се вчитува...