Каков „кикс“ на Улрих – Бензема го крена „Бернабеу“ на нозе

Неполна минута игра во второто полувреме беше доволна за сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“ да се крене на нозе по водечкиот гол на Карим Бензема.

Французинот се најде на вистинско место во вистинско време, за да ја искористи катастрофалната грешка на голманот Улрих, кој не реагираше најдобро на повратната топка од Толисо и му овозможи на Бензема да ја смести топката во празната мрежа.

Се вчитува...