Каков луд меч – Лајпциг во 92. минута го освои Истанбул

Лајпциг во супердраматичен натпревар славеше на гостувањето против Башакшехир со 3-4, со што ланскиот полуфиналист направи значаен чекор за пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите. Германскиот клуб делуваше сигурно на патот до победата откако поведе со 1-3, но Кавечи постигна два гола од својот хет-трик во завршните петнаесетина минути, израмнувајќи на 3-3.  Избраниците на Нагелсман не се предадоа, па со голот на Сорлот во 92. минута стигнаа до огромни три бода на ова незгодно гостување.

Лајпциг сега има девет бода, со што изврши дополнителен притисок врз ПСЖ, кој има шест бода во пресрет на вечерашното гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Во вториот натпревар што се играше во раниот термин од ЛШ фудбалерите на Краснодар славеа со 1-0 над Рен, со голот на Берг во 71. минута.

Се вчитува...