Каков луд натпревар – Косоротов со гол од пола терен и донесе реми на Русија со Полска

Полска и Русија одиграа нерешено 29-29 во третото коло од главна фаза и и ги урна шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Русите подобро го отворија натпреварот и во неколку наврати имаа и плус три во првото полувреме. Сепак, како одминуваа првите триесет минути така Полјаците заиграа далеку подобро и на пауза заминаа со минимална предност од 13-12.

Вториот  дел целиот помина во егал игра на двете страни, во која ниту еден од противниците не успеа да се одлепи. Во финишот со голот на Дашек на три секунди до крајот поведоа со 29-28, додека Косоротов со гол од центар во последната секунда успеа да и донесе бод на Русија.

Сичко со осум гола беше прв стрелец во таборот на Полска, додека кај Русите Косоротов заврши со ист број на голови.

Се вчитува...