Каков натпревар: Подарен гол за Косово…, но Велковски го враќа водството (ВИДЕО)

Натпревар со многу возбудувања играат Македонија и Косово на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на ЕП.

По водството стекнато од 16. минута, Македонија подари гол на Косово по катастрофалната грешка на голманот Димитриевски и централниот дефанзивец Дарко Велковски на работ од шеснаесетникот, кои подарија топка за Хадерѓонај на кого не му беше тешко од 30 метри да го лобува македонскиот голман…

Но, грешката во одбраната Дарко Велковски ја неутрализираше за само четири минути, во 33. минута кога со глава погоди за водство од 2-1 по одличниот центаршут од слободен удар на Енис Барди…

Се вчитува...