Каков пад: Бејл пред трансфер во втора лига?

Според пишувањата на локалните медиуми во Велс, најдобриот играч на сите времиња на оваа селекција, е подготвен да потпише краткорочен договор со клубот од родниот град. Откако ќе заврши сезоната, Велшанецот ќе биде слободен играч, а во последните месеци воопшто не е во плановите на Реал Мадрид.

Бејл игра голф, но за репрезентацијата е нешто сосема поинаку. Тој го однесе Велс во бараж за пласман на Мундијал.

Според порталот „Велс Онлајн“ би можел да заигра за Кардиф Сити, тим кој се натпреварува во Чемпионшипот. Бејл е роден во Кардиф, но потоа заминува во Саутемптон, а потоа во Тотенхем и Реал Мадрид.

И покрај понудите од Италија и Англија, сепак, се тврди дека на Бејл веќе не му е до фудбал, и дека сака само да игра на Мундијалот во Катар. Затоа е многу веројатно да потпише за клубот од неговиот роден град за да остане во форма пред евентуалниот пласман на Светското првенство. Баражот е закажан за јуни, поради војната во Украина. Велс ќе игра со подобриот од дуелот Шкотска – Украина.

Се вчитува...