Каков почеток на ЛШ: ПСЖ на гости кај Ливерпул

По денешната ждрепка, вечерва беше обелоденет и официјалниот распоред на натпревари за групната фаза од Лигата на шампионите.

Првото коло на 18 септември ќе го донесе и првото големо дерби, во кое актуелниот европски вицешампион ќе го пречека дрим-тимот на ПСЖ. Црвена звезда веќе на стартот е домаќин, на „Маракана“ ќе пристигне Наполи, а неизвесно се очекува да биде и на „Џузепе Меаца“, каде Интер ќе го пречека Тотенхем.

Реал Мадрид ќе ја стартува одбраната на круната со домашен натпревар против Рома, додека Јувентус го чека голем предизвик на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија.

Се вчитува...