Каков шок: Монако исфрлен од сите натпреварувања!

Монако неодамна се закити со титулата шампион на Франција во кошаркарското првенство, но „кнезовите“ нема да можат да ја бранат круната, откако беа исфрлени од сите натпреварувања во оваа земја за наредната сезона.

Причината е добро позната – огромните финансиски проблеми со кои се соочуваше Монако во текот на целата измината сезона, поради кои дел од играчите на периоди и штрајкуваа одбивајќи да играат поради огромните долгови на клубот кон нив.

Државата во неколку наврати интервенираше, даваше дополнителни рокови за клубот да може да ја финишира сезонава, но откако пропадна и последниот обид за преземање на клубот од нов сопственик, беше донесена одлука за исфрлање на Монако од сите француски натпреварувања.

Ова значи дека „кнезовите“ нема да можат да играат во Супер-лигата, но исто така ниту во втората лига на Франција, а нема да биде дел ниту од Купот на Франција.

„Кнезовите“ летово се откажаа од Евролигата и најавија дека ќе учествуваат во Еврокупот, но останува да се види дали и тоа ќе се реализира, или овој тим што пред две сезони играше финале на Евролигата летово ќе исчезне од кошаркарската мапа.

Се вчитува...