КАКОВ ШОК ЗА СТРУГА ТЛ: Елиминација по гол во 96. минута од Пјуник (ВИДЕО)

Струга ТЛ доживеа шокантна елиминација во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА по гол примен во 96. минута на гостувањето против Пјуник во Ереван. Ерменците дојдоа до победа од 3-1, која за нив значи пласман во следната рунда натпревари, со погодок во последните секунди од средбата.

Првиот натпревар меѓу двете екипи во Охрид заврши со победа на македонскиот шампион од 2-1. Кога се очекуваше дека ќе има продолженија на натпреварот, во 96. минута шокантен погодок на Коваленко за триумф на Пјуник и останување на европската сцена.


А претходно, Пјуник поведе во раната фаза од натпреварот со голот на Дебле уште во 16. минута…

А, Коваленко во 45. минута зголеми и на 2-0.

Кога се чинеше дека Пјуник ќе замине со предност од 2-0 на полувремето, во последните секунди од првиот дел Бесарт Ибраими со мајсторски погодок ја врати Струга ТЛ во игра, за 2-1 на полувремето.

Во второто полувреме македонскиот шампион одигра квалитетни 45 минути. Ибраими беше најопасен по голот на противникот, но неговите обиди од околу 16 метри не успеаја да ја затресат домашната мрежа.

Се вчитува...