Каков слалом на Елмас, штета што не заврши со гол (видео)

Елиф Елмас влезе во игра во второто полувреме од мечот со Бреша и се покажа во одлично светло. Штета што македонскиот репрезентативец не успеа да постигне и погодок, особено по извонредниот соло-продор во самиот финиш од мечот.

Елмас извонредно се ослободи од неколку противнички фудбалери, си создаде агол и шутираше кон вториот дирек, но топката заврши за малку крај противничкиот гол.

Се вчитува...