Каков старт: Слалом на Пандев, автогол на Јуве за 20 секунди игра

Горан Пандев е во главна улога при извонредниот старт на Џенова на дуелот со Јувентус, во кој неговиот тим по само дваесетина секунди игра стигна до водство.

Македонецот прими една топка по десната страна и извонредно се ослободи од Алекс Сандро, потоа нафрли во шеснаесетникот, каде гостите не се снајдоа најдобро, Кјелини се обиде да „исчист“, но го погоди само Пјаниќ, од чија нога топката заврши во мрежата.

Џенова веќе во седмата минута зголеми на 2-0 од пенал што го реализираше Галабинов, откако судијата покажа на белата точка со помош на ВАР технологија, по повторно прегледување на стартот на Ругани во шеснаесетникот на „старата дама“.

Miralem Pjanic Own Goal HD – Genoa 1-0 Juventus… by dailysuperkicknew

Се вчитува...