Каков тренер! Флик има повеќе трофеи со Баерн отколку порази и ремија заедно

Беше во позадина, а на заминување Нико Ковач предложо токму тој да биде неговиот наследник во Баерн Минхен. Го презеде баварскиот клуб и оттогаш нанижа 35 триумфи, едно реми и два порази на 38 натпревари. А освои четири трофеи. Неверојатна е статистиката, Ханси Флик, актуелниот стратег на Баерн Минхен, има повеќе освоени трофеи отколку порази и ремија на клупата на европскиот првак.

Откако Ханси Флик дојде на кормилото на Баерн Минхен, ја освои титулата во Бундеслигата, го освои Купот на Германија, а потоа и Лигата на шампионите за тројна круна. На почетокот на оваа сезона, веќе го освои четвртиот пехар, Суперкупот на УЕФА.

Се вчитува...