Каков удар за Барселона: Ќе добие само 25 милиони евра од трансферот на Дембеле во ПСЖ

Денеска треба да биде реализиран трансферот на Усман Дембеле од Барселона во ПСЖ. „Каталонците“ и натаму се во шок од тоа што се случува, затоа што претходно излезе информација дека не дозволила преговори на играчот со челниците на францускиот тим.

Во клаузула на договорот на Дембеле, наводно стои дека доколку реализира трансфер до 1. август 2023 година, играчот може да си замине за 50 милиони евра, клаузула која ПСЖ ќе ја активира. Но, шокот за „каталонците“ да биде уште поголем, Барселона ќе инкасира само 25 милиони од овој трансфер, додека другите 25 одат кај играчот, пренесува Л’Екип.

Претходно беше објавено дека ПСЖ и играчот се договорија на петгодишна соработка. Барселона со Дембеле би загубила повеќе од 90 милиони евра, со оглед дека за 135 милиони го купи од Борусија Дортмунд во 2017 година.

Се вчитува...