Стефан Ристовски вечерва го играше својот јубилеен 50. натпревар во дресот на Спортинг, имаше асистенција при водечкиот погодок за 0-1 против Чавес, но потоа јубилејот му беше расипан од неверојатната судиска одлука, и тоа со консултација на ВАР-технологијата.
Имено, нашиот десен бек извонредно интервенираше спречувајќи опасна акција на домаќините, а во продолжение на нападот на Спортинг беше направен прекршок за кој еден фудбалер на Чавес заслужено доби црвен картон.
И тогаш на сцена стапи судијата, кој по прегледувањето на снимката со ВАР донесе шокантна одлука, го поништи црвениот картон на домаќините и го исклучи македонскиот репрезентативец.
Зошто, навистина не е јасно, ако се погледне снимката од спорниот момент…
Este Manuel Mota é um otário, uma anedota pegada para a arbitragem! Que fraco este gajo…de 1 vermelho para Maras ( errado ) corrigiu para um vermelho para Ristovski ( ridículo ) num lance q corta a bola e q na sequência toca no jogador do Chaves! @NunoElfuser pic.twitter.com/lt2fezohBj
— rancuca (@rancuca33) March 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА