Каква „бомба“ – голманско ремек-дело во футсал-полуфиналето на ЕП

Казахстан и Шпанија играат феноменално полуфинале на ЕП во Љубљана, а најубавиот момент на натпреварот дефинитивно беше оној на стартот од второто полувреме.

Казахстан тргна со голманот во игра за да ја надополни негативата од 1-2 и таквата тактика вроди со плод, и тоа со евро-гол на самиот голман Игита, кој со фантастичен удар го матираше шпанскиот голман, кој не ја ни виде топката додека таа не заврши во неговата мрежа.

Погледнете го ова ремек-дело на голманот на Казахстан, во полуфиналето од европскиот шампионат.

Се вчитува...