Каква драма во Шкотска: Селтик со два гола во финишот до ТИТУЛА!

Шампионската бајка на Хартс се претвори во кошмар откако Селтик стана нов првак на Шкотска со гол во последните мигови од мечот. Во директната пресметка, Селтик триумфираше со 3-1, и така стигна на крајот до првото место.

А, се добро почна за Хартс. Предност во 43. минута од средбата со голот на Шанкланд, но и вднаш израмнување преку Енџелс од страна на Селтик.

Во вториот дел „зелено-белите“ долго го бараа патот до голот. Се случи во 88. минута откако Осман го проигра Маеда кој погоди во мрежата на гостите. Судијата покажа офсајд, се прегледуваше ВАР, по што голот беше признат и големото славје можеше да почне. На крајот во осмата минута од судиското надополнување уште еден гол за домашните откако и голманот отиде во напад, за конечни 3-1.

Се вчитува...