Славија го загуби дербито против Спарта Прага со службени 0-3, поради влегувањето на нивните навивачи пред крајот на мечот. Интересно е тоа што Славија имаше предност од 3-2 во тие мигови, и доколку тимот победеше ќе дојдеше до титулата во Чешка.
За потсетување, натпреварот меѓу овие тимови беше прекинат откако навивачите влегоа на теренот и ги нападнаа играчите на противничкиот тим. На околу три минути до крајот, Славија водеше со 3-2 и ќе го освоеше шампионатот.
За ова, Дисциплинската комисија на Асоцијацијата на фудбалски лиги ја казни Славија со 10 милиони круни (410.000 евра) и ѝ досуди службен пораз со резултат од 0:3. Клубот ќе биде принуден да ги игра следните четири домашни натпревари без публика.
🚨🇨🇿 Meanwhile in the Prague derby… the Slavia Prague fans stormed the pitch in the last minutes of the match and charged towards the Sparta Prague fans. 😳 pic.twitter.com/ALDzsNvwqG
— EuroFoot (@eurofootcom) May 10, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
