Каква луда ждрепка: Меси против Гвардиола, Јувентус во група со Челси, а Барса против Баерн

Денешната ждрепка на групната фаза во Лигата на Шампионите најави фантастични возбудувања откако неколку европски гиганти се најдоа еден против друг уште во раната рунда од елитното европско натпреварувања.

Манчестер Сити се најде во иста група со ПСЖ, што ќе претставува пресметка на Пеп Гвардиола и Лионел Меси. Лајпциг ќе чека евентуален „кикс“ на фаворитите во оваа група, во која апсолутен аутсајдер е Бриж.

Баерн Минхен и Барселона заедно со дел од групата Е, што ќе донесе прв дуел на овие два тима откако баварскиот гигант ги понижи каталонците со победа од 8-2 пред две сезони.

Интересно, во групата Д се најдоа Интер, Реал Мадрид и Шахтјор, кои и минатата сезона беа дел од иста група во оваа фаза од натпреварувањето. Лани нивни ривал беше Борусија Менхенгладбах, а овојпат последна екипа во групата на „кралевите“ е Шериф, тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Европскиот првак Челси ќе се најде во иста група со тимот на Јувентус во групата Х, заедно со екипите на Зенит и на Малме. Манчестер Јунајтед е дел од групата Ф заедно со Вилјареал, Аталанта и Јанг Бојс, со што „црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да му се реваншираат на Вилјареал за поразот во финалето од Лигата на Европа.

Милан беше „нагазна мина“ од четвртиот шешир, а италијанскиот гигант се смести во групата Б, заедно со Атлетико Мадрид, Ливерпул и Порто.

Убедливо најнеатрактивна е групата Г, во која силите ќе ги одмерат Лил, Севилја, Салцбург и Волфсбург.

ГРУПА А: Манчестер Сити, ПСЖ, Лајпциг, Бриж.

ГРУПА Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан.

ГРУПА Ц: Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ.

ГРУПА Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтјор, Шериф.

ГРУПА Е: Баерн Минхен, Барселона, Бенфика, Динамо Киев.

ГРУПА Ф: Вилјареал, Манчестер Јунајтед, Аталанта, Јанг Бојс

ГРУПА Г: Лил, Севилја, Салцбург, Волфсбург.

ГРУПА Х: Челси, Јувентус, Зенит, Малме.

Се вчитува...