Синоќешните натпревари во НБА-лигата минаа во знакот на феноменалниот натпревар на Голден стејт вориорс, кој со беспрекорна игра во нападот го совлада Чикаго со 124-149 Актуелниот првак одигра неверојатно во првото полувреме, кога за две четвртини успеа да реализира 92 поени (44 во првиот, 48 во вториот период од мечот).
Разликата на полувреме (50-92) е најголемата во историјата на НБА-лигата, а своето име меѓу најдобрите на сите времиња го запиша и Клеј Томпсон, кој погоди дури 14 тројки, уривајќи го претходниот рекорд на Стеф Кари (13 против „пеликаните“ пред неколку сезони). Клеј Томпсон го заврши мечот со 52 поени, притоа допирајќи ја топката само 52 пати. Тој е првиот кошаркар кој ја надмина границата од 50 поени, а притоа одиграл само 27 минути од тој натпревар. Воедно, Томпсон е само вториот кошаркар во истријата кој постигнал над 50 поени, притоа шутирајќи најмногу две слободни фрлања (првиот, секако е Стеф Кари).
Резултати НБА:
Индијана – Портланд 93-103, Филаделфија – Атланта 113-92, Мајами – Сакраменто 113-123, Њујорк – Бруклин 115-96, Чикаго – Голден стејт 124-149, Милвоки – Торонто 124-109, Минесота – ЛА лејкерс 124-120, Сан Антонио – Далас 113-108 (по прод.), Денвер – Њу Орлеанс 116-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА