Каква „ѕверска“ партија на Дончиќ – Две тројки за 15 секунди со кои го „реши“ Бостон

Лука Дончиќ одигра уште еден натпревар за аналите во НБА лигата, во победата на неговиот Далас Маверикс над Бостон од 110-107. Тој во последните 15 секунди успеа да погоди две тројки со кои донесе победа над својот тим над Селтикс. На крајот Словенецот мечот го заврши со 31 поен, десет скока и осум асистенци.

Феноменална вечер имаше и Никола Јокиќ кој го предводеше својот Денвер Нагетс во победа над Портланд Треилблејзерс од 111-106. Србинот натпреварот го заврши со 41 поен, надополнет со по пет скока и асистенции. Кај Блејзерс најефикасен беше Демјен Лилард со 25 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда, Кливленд – Атланта 112-111, Орландо – Детроит 93-105, Бруклин – Сакраменто 127-118, Њујорк – Голден Стејт 106-114, Торонто – Филаделфија 102-109, Милвоки – Минесота 139-112 и ЛА Клиперс – Вашингтон 135-116.

Се вчитува...