Какви легенди…. Валдерма и Игуита од срце се израдуваа на триумфот на Колумбија (ВИДЕО)

Колумбија ја совлада Полска со убедливи 3-0 и на тој начин и на запечати судбината на европската селекција на СП во Русија.

А, на трибините на „Казањ арена“ радоста за триумфот на Колумбија ја поделија и две незаборавни лица…. Како времето да застанало. Идентични фризури како од оние 80-те, 90-ти години… Иконите на колумбискиот и светскиот фудбал, 56-годишниот Карлос Валдерама и 51-годишниот Рене Игуита…

Прекрасна слика на трибините. На двајцата можеби им недостасуваше само уште еден „лудак“, Фаустино Асприља за да биде заокружено со трите најголеми легенди во историјата на колумбискиот фудбал!

Се вчитува...