Какво чудо: Ал Аин ја исфрли Ривер Плата од клупскиот мундијал

Ал Аин е сензационален финалист на клупскиот Мундијал, откако во првото полуфинале тимот од ОАЕ славеше над Ривер Плата по подобро изведување на пенали. По 120 минути игра резултатот гласеше 2-2, за нервозата во аргентинскиот табор да придонесе Ривер да капитулира пред домаќинот на ова натпреварување, предводен од хрватскиот стратег Зоран Мамиќ.

Мечот почна извонредно за Ал Аин, откако по само две минути игра дома. минута. ќините поведоа откако корнерот на Берг го изненади аргентинскиот голман за еуфорија на домашните фанови на стадионот. Ривер набрзо презеде контрола и поведе со 2-1 со двата брзи погодоци на Боре во 11. и во 16. минута. При овој резултат две ВАР одлуки беа против Ал Аин, најпрвин судијата Роки и покрај повтореното гледање на ситуацијата не досуди пенал, а потоа во финишот од полувремето сомнително беше поништен и погодокот за израмнување. Избраниците на Мамиќ продолжија со храбра игра, па во 51. минута преку Кајо стигнаа до заслужено израмнување. Ривер имаше идеална можност да го реши мечот уште во регуларниот дел, но Аргентинците не искористија пенал откако Мартинез биеше само во гредата.

Победник немаше ниту во продолженијата од два пати по 15 минути, за потоа во пенал-рулетот прецизни да бидат првите девет изведувачи. Пресудија слабите нерви на Перез, чиј шут беше одбранет од страна на голманот на Ал Аин, за заслужено огромно славје на фановите на Ал Аин.

Во второто полуфинале утре европскиот првак Реал Мадрид ќе се сретне со тимот на Кашима.

Се вчитува...