Какво деби на Димитријевиќ, Нено беше најдобар во победата на Арис

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, го имаше дебито во дресот на Арис и веднаш покажа дека ќе биде еден од лидерите на грчкиот тим.

Во победата на Арис од 97:80 над Фалконс, Димитријевиќ беше најдобар во својот тим со 20 постигнати поени.

Покрај Димитријевиќ, добра партија прикажа и Лидел кој даде 18 поени.

Нено дебито за грчкиот тим го имаше точно една недела откако во дресот на македонската репрезентација оствари трипл-дабл во победата над Австрија.

Следниот натпревар за Арис на подготовките во пресрет на новата сезона ќе биде идната недела кога на турнирот во Никозија, Кипар, ќе игра против Црвена звезда.

Грчкиот тим на подготовките има закажано и дуел со македонска екипа, имено на турнирот во Солун кој ќе се игра од 20 до 22 септември и ќе претставува генерална проба пред новата сезона, ќе учествива и екипата на ТФТ.

Се вчитува...