КАКВО ДЕРБИ ВО ИТАЛИЈА: „ВАР“, црвени картони, дупли пресврти, „Старата дама“ слави…! (ВИДЕО)

Интер и Јувентус одиграа неверојатен дерби натпревар во 35. коло од Серија А, кој по бројни „ВАР консултации“, црвен картон, максимална тензија и два пресврти…, на крајот во драматичен финиш заврши со победа на „Старата дама“ од 2-3.

Иако цели 75 минути Интер играше со фудбалер помалку беше блиску до триумф. Имаше водство, по пресврт, од 2-1 се до 87. минута, но тогаш Јуве комплетно се врати со погодоците на Куардадо во 87. минута и на Игуаин во 90. минута и стигна до триумфот и трите бода…

А, претходно, крајно возбудливиот дерби дуел почна апсолутно драматично најпрво со водството на Јувентус уште од 13. минута со погодокот на Даглас Коста… Главниот судија Орсато уште при овој погодок се консултираше со ВАР системот за да го признае…

Веднаш потоа, Весино кај Интер во 15. минута беше заслужено исклучен по грубиот старт над Манџукиќ.

Во финишот на првиот дел „Старата дама“ можеше да дојде и до водство од 0-2. Маутиди го совлада Хандановиќ, најпрво погодокот се чинеше како да е признаен, но по нова асистенција на ВАР системот сепак оправдано истиот не беше признаен поради офсајд позиција.

И, во второто полувреме следеше вистинската драма. Најпрво за Интер во 52. минута израмни Икарди, а во 65. минута со автоголот на Барзаљи, „нераѕурите“ стигнаа до пресврт и водство од 2-1…

На крајот во финишот следеа двата гола на „Старата дама“ за триумф од 2-3, со кој Јуве е блиску до нова титула во Италија.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...