Какво фијаско на Шахтјор: Борусија води со 0-4 за едно полувреме

Шахтјор влезе како лидер во групата во дуелот со Борусија Менхенгладбах, но украинскиот првак одигра катастрофално прво полувреме по кое противникот води со неверојатни 0-4. Или подобро кажано, госстите од Германија играаат неверојатен меч, целосно доминираат на теренот и заслужено имаат убедливо водство кое им ја гарантира првата победа во групната фаза, по несреќните реми-дуели со Интер и со Реал Мадрид на кои Борусија прими гол во судиските продолженија.

Плеа е најдобар поединец во ова прво полувреме, тој ги постигна првиот и третиот гол за германскиот клуб во Доњецк, вториот беше автогол на Бондар, додека Бенсебаини стави точка на фуриозното полувреме на гостинскиот состав за водство од 0-4 во 44. минута од натпреварот.

Се вчитува...