Какво понижување: Покетино не е меѓу кандидатите за најдобар тренер во Лига 1

Француската Лига 1 ја објави листата на номинирани за најдобар тренер за сезоната. Шокантно е тоа што тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино не беше на листата во првите пет, иако тимот од Париз го освои францускиот шампионат на неколку кола до крајот.

Ова е втор пат во историјата еден тренер кој го освоил шампионатот во Франција, да не биде номиниран меѓу најдобрите. Првиот пат беше во 2008 година, Ален Перин кој го освои шампионатот со Лион, не беше меѓу кандидатите.

Петте кандидати за наградата најдобар тренер на сезоната во шампионатот на Франција се: Хорхе Сампаоли од Олимпик Марсеј, Бруно Џенесио од Рен, Кристоф Галтие од Ница, Антоан Комбоар од Нант и Жулиен Стефан од Стразбур.

Се вчитува...