Какво шоу на Лео Меси – четири гола и асистенција против Монтреал

Лео Меси го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Интер Мајами откако аргентинскиот генијалец постигна четири погодоци и една асистенција во победата над Монтреал од 7-1.

Интер беше пет меча без победа, но Меси и соиграчите излегоа максимално мотивирани на терен, декласирајќи го противникот и покажувајќи дека се подготвени да се вратат во ритам во пресреет на клучниот дел од сезоната.

Меси го почна своето шоу со гол од слободен удар во 40. минута, потоа стрелаше прецизно и во 52., во 83. и во 96. минута, последниот гол повторно од слободен удар. Покрај тоа, Аргентинецот му асистираше на Луис Суарез при погодокот во 80. минута, а за одбележување е дека првиот гол во дресот на Интер Мајами го постигна Кашемиро, кој летово пристигна од Манчестер Јунајтед.

Лео Меси досега има 31 гол и 15 асистенции во дресот на Интер Мајами во оваа 2026 година.

Се вчитува...