Рикардо Калафиори експресно ги демантираше гласините дека размислува да се врати назад во Серија А. Јувентус и Интер искажаа интерес за ангажман на екс-дефанзивецот на Болоња, но италијанскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека сите негови планови за иднината се поврзани со Арсенал.
„Не се враќам во Италија, убаво ми е во Арсенал, моите планови се поврзани само со овој клуб“, дециден беше Калафиори.
Дефанзивецот сезонава беше ротиран на неколку различни позиции од Микел Артета, се снајде сосема добро, но честите повреди го спречија да влезе во топ-форма.
„Каде и да ме стави тренерот, јас правам се за да му помогнам на тимот. Она што ми недостигаше е континуитет, повредите не ми дозволија да влезам во ритам, цел за следната сезона е да останам здрав и во добра форма, за да можам да покажам за што сум способен. Се чувствувам добро, докажав на себе и на сите други дека можам да играм во најсилната лига во светот, сега сакам и да освојувам трофеи“, порача Рикардо Калафиори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА