Калараш и официјално си замина од Вардар

Глеб Калараш стави крај на својата едногодишна авантура во дресот на Вардар откако рускиот пивот денеска и официјално го комплетираше трансферот во редовите на Мотор Запорожје. Рускиот џин имаше значајна улога во играта на дефанзива на „вардарци“, но во ситуација на финансиска нестабилност уште во текот на сезоната ја договори својата преселба во Украина.

Во меѓувреме кризата во Вардар се стабилизираше, Калараш дури и изрази желба да остане, но договорот на три години со Мотор веќе беше потпишан, па тој денеска и официјално беше претставен како најново засилување на украинскиот првак.

За Русинот ова ќе биде враќање во тимот на Мотор, за кој со успех настапуваше од 2015 до 2017 година.

Се вчитува...