Калараш конечно си најде нов клуб, но само до 31 декември

Глеб Калараш долго време имаше проблем да најде нов клуб по објавата дека заминува од Вардар, за рускиот пивот конечно да обезбеди нов трансфер во кариерата.

Негова следна дестинација е Бундес-лигата, каде Калараш по завршувањето на петдневниот карантин ќе му се приклучи на тимот на Балинген. Она што е интересно е што договорот е потпишан само до 31 декември годинава, по што истиот ќе биде продолжен само доколку двете страни бидат задоволни од соработката, Балинген ако Русинот ги задоволи очекувањата, но Калараш би останал само доколку во меѓувреме не добие подобра понуда од некој поамбициозен клуб.

Овој трансфер претставув камбек во рускиот интернационалец во елитното германско ракометно друштво, каде во сезоната 2017/18 ги бранеше боите на Магдебург.

Се вчитува...