Калараш: Вардар ќе „преживее“, сакам да останам овде

Глеб Калараш ризикуваше многу за да се врати во Вардар, откако минатото лето замина во Мотор, но потоа самиот инсистираше да му биде дозволено да го раскине договорот со украинскиот првак и повторно да го облече црвено-црниот дрес. Рускиот пивот во интервју за медиумите од татковината обелодени дека би сакал да остане уште најмалку една година во таборот на „вардарци“.

„Знам дека Вардар ќе преживее, а новата управа е заинтересирана да задржи дел од ракометарите и да потпише нови засилувања. Јас имам договор на уште една година и сигурно би сакал да останам увде. Сепак, кон средината на мај ќе се сретнеме со водечките луѓе, по што ќе биде јасно по кој пат ќе тргнам и јас, но и Вардар како клуб. Не сакам да давам прогнози однапред, се надевам дека се ќе се заврши онака како што посакувам“, истакнува Калараш.

Тој се осврна и на турбулентната сезона што „вардарци“ ја имаа како актуелни европски прваци.

„Ова воопшто не беше лесна сезона. Први, за неколку месеци се сменија тројца тренери. Второ, се уште имавме финансиски проблеми. Трето – играчите почнаа да си одат среде сезона. И покрај сето тоа, успеавме да се пласираме во нокаут фазата од Лигата на шампионите, сакавме да продолжиме да се бориме, но коронавирусот спречи сезоната да продолжи. Многу тимови, меѓу нив и Вардар, без борба беа елиминирани од ЛШ“, вели рускиот специјалист за одбрана од таборот на „вардарци“.

Се вчитува...