Ник Калатес ќе продолжи да носи црно-бела опрема и во следната сезона, но тоа нема да биде во дресот на Партизан, туку на грчки ПАОК.
Искусниот плејмејкер имаше одлични средби во дресот на Партизан, српскиот клуб му понуди нов договор, но Гркот на крајот сепак реши да се врати во татковината и да се приклучи на проектот предводен од Андреа Тринкиери.
Солунскиот клуб влегува со сериозни амбиции наскоро да обезбеди и вајлд-карта за Евролигата, што беше мотив плус за Калатес да се врати во Грција, каде има шест титули и четири куп-трофеи со Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
