Калатес со звукот на сирената „спаси“ триумф против незгодните Литванци

Грчкиот великан Панатинаикос се реваншираше на Жалгирис за поразот во Каунас, откако на свој терен успеа да издвои тешка победа по едно продолжение со резултат од 94-93. Шесткратниот европски шампион иако доминираше во целото прво полувреме, литванскиот состав предводен од Шарунас Јасикевичиус притисна за неизвесна завшрница во Атина и изнуди дополнителни пет минути во пресметката. Но, во клучните моменти домаќините го искористија своето искуство да стават крај на мини-серијата од два порази во Евролигата, и притоа да осигураат нови важни бодови.

Високи 29 поени на Панатинаикос во првата четвртина како да создадоа несигурност кај гостите од Литванија, па затоа на средината од вториот период домаќините имаа и +20 поени предност и речиси беа пред сигурна победа. Жалгирис во последните минути пред паузата успеа да ја намали негативата, но и натаму беа далеку од од посакуваната цел (47-37).

Во второто полувреме Јасикевичиус ги разбуди своите кошаркари кои пред крајот на период направија пресврт, но пред се го спречија расположениот Денмон кој запиша 14 поени во првиот дел. Радоста траеше кратко за Жалгирис бидејќи ПАО одново ја презеде контролата, а потоа на една минута до истекот на средбата, Пангос погоди важна тројка со која Литванците поведоа со +4, но 83-83 беше резултатот со кои се замина на плус пет минути игра.

Во продолжението Жалгирис го загуби скапоценото водство од седум поени, а потоа Калатес на помалку од пет секунди до крајот погоди кош за победа со конечни 94-93 во корист на Панатинаикос.

Кавалиаускас беше најефикасниот кошаркар за Жалгирис со 21 поен, Вајт реализираше 17, Пангос додаде 14 поени. За грчкиот соста Денмон и Лекавичиус реализираа по 14 поени, Калатес исто така заврши со 14 поени, додека Гист додаде 12..

Се вчитува...