Калчолигашите се договорија: Помали плати за Елмас, Пандев, Несторовски…

Тројцата македонски репрезентативци, Елиф Елмас, Горан Пандев и Илија Несторовски, ќе земат помали плати од оние што се предвидени со потпишаните договори, откако денеска на состанокот на италијанските прволигаши беше договорено да се намалат исплатите кон сите фудбалери кои се дел од Серија А.

Согласно договореното, на фудбалерите ќе им биде исплатена седум помала за една третина од вкупниот договор за сезоната 2019/2020 доколку шампионатот не биде продолжен. Доколку сезоната биде финиширана, тогаш сите играчи ќе добијат намалена сума за само една шестина од договорите што ги имаат со своите клубови. Според договореното, секој клуб одделно ќе разговара за деталите и за динамиката на исплата со фудбалерите.

Воедно, клубовите од Серија А информираат дека нивна цел останува доигрување на сезоната, но само во момент кога нема да потои ризик по здравјето на актерите на теренот и кога за такво нешто ќе се добие зелено светло од државните власти.

Се вчитува...