Калин Ивановски експресно до полуфинале на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ турнирот во Крамсах, Австрија, надигрувајќи во осминафиналето уште еден домашен тенисер.

На турнирот кој се игра за награден фонд од 25.000 долари, Ивановски денеска славеше експресно со 7-6 и 6-4 против Австриецот Сандро Коп.

Македонскиот тенисер во утрешното полуфинале ќе игра против победникот од денешното четвртфинале меѓу четвртиот носител Ерхард (Франција) и Германецот Руланд.

 

Се вчитува...