Калин Ивановски го елиминираше првиот носител на Европското тениско првенство до 14 години

Еден од најголемите македонски таленти во тенисот Калин Ивановски бележи извонредни настапи на Европското првенство до 14 години кое се одржува во моментов во Мост, Чешка.

Ивановски обезбеди настап во 4. коло на шампионатот (меѓу 16 најдобри тенисер во Европа во своја конкуренција) и тоа елиминирајќи го првиот носител и најголем конкурент за титулата, Михаил Горохов од Русија. Македонскиот тенисер славеше убедливо во два сета, со 6-3,6-1. Претходно Ивановски славеше и против Белорусинот Ерик Арутиуниан.

Во битката за четвртфиналето на Европското првенство, Калин Ивановски ќе игра против Бранко Ѓуриќ од Србија, кој е 13-ти носител на шампионатот.

Се вчитува...