Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го изедначи најдобриот пласман на АТП ранг листата. Македонецот оваа недела ја започна како 305 најдобар тенисер на светот што е за три места подобар пласман од претходната недела.
Скок на ранг листата забележа и Горазд Србљак кој сега го завзема 1.062 место што е за четири позиции подобро, додека Обрад Марковски забележа пад од три места и сега е на 1.477 место.
Пад од едно место забележа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која сега е на 187 позиција, додека Магдалена Стоилковска забележа скок од шест места и во моментот се наоѓа на 1.463 позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА