Калин Ивановски ќе игра на главниот турнир на АТП Челинџерот во Братислава, каде прв носител е Доминик Тим

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди место на главниот турнир на АТП Челинџерот кој за вкупен награден фонд од 145.000 долари се игра во Братислава, Словачка.

Ивановски (кој е на 331. место на АТП ранг листата) во финалето од квалификацискиот турнир убедливо во два сета славеше против вториот носител во квалификациите, Мате Валкуш (214. место на АТП листата) од Унгарија.

Македонскиот тенисер првиот сет го доби со 6-3, а потоа и во вториот сет покажа сигурна игра добивајќи го со 7-5 за конечна победа и пласман на главниот турнир.

Прв носител на турнирот е 72-ро рангираниот тенисер на АТП листата, Доминик Тим од Австрија.

Се вчитува...