Најдобриот млад македонски тенисер, Калин Ивановски по успешниот настап на јуниорскиот Вимблдон, ќе учествува и на последниот гранд-слем, УС опен. Турнирот во машкиот дел од јуниорскиот УС опен ќе почне во втората недела, а нашиот најдобар тенисер поради одличните резултати ќе игра директно во главниот ждреб.
Ивановски имаше одличен настап на Вимблдон каде стигна во осминафиналето и по долга борба беше елиминиран од Британецот, Џек Пенингтон Џоунс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА