Калин Ивановски лесно до 1/8 финале во Тулуз

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, со победата од 2-0 во сетови над францускиот тенисер Пол Инчауспe се пласираше во 1/8 финалето на ИТФ турнирот во Тулуз, Франција.

Калин убедливо го доби првиот сет со 6:2, додека вториот го реши со 6:4 и со тоа ја потврди фаворитската улога од овој дуел.

Ивановски го доби мечот за време од 1 час и 18 минути. Ивановски во 1/8 финалето ќе го чека подобриот од дуелот Наполитано – Винделкен.

Се вчитува...