Калин Ивановски: Лина Ѓорческа е моја голема инспирација!

Прес конференцијата пред турнирот „Македонија Опен“ кој се одржува во Скопје не можеше да ги остави и другите актуелности од тенисот на страна, пред се настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон.

Покрај директорот на турнирот Горан Шевченко, свое видување имаше и македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски.

„Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога игарв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта ми е да настап и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир и со тоа успех на Лина и мислам да направи резултат“ – изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.

Калин Ивановски има настап на јуниорскиот Вимблдон и во 2022 година беше четвртфиналист.

Се вчитува...