Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски уште во првото коло го заврши својот настап на АТП Челинџерот „Македонија Опен“ кој од денеска се игра во Скопје.
Ивановски одигра одличен меч против осмиот носител на турнирот Мили Пољичак, но доживеа пораз во три сета со 6-4, 6-7 (5) и 6-4.
Повеќе од три часа траеше мечот кој на крај, за жал, негативно заврши за македонскиот тенисер. Следен противник на хрватскиот тенисер во Скопје ќе биде Оливиери од Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА