Калин Ивановски се пласираше на главниот турнир во Јокохама

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во главниот турнир кој се одржува во јапонскиот град Јокохама откако утринава во последниот круг од квалификациите славеше против кинескиот тенисер Баи кој го предаде мечот пред почетокот на третиот сет.

Кинезот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6-4, а Македонецот стигна до изедначување во вториот сет во кој славеше со 7-5.

Во првата рунда од главниот турнир Калин Ивановски за противник ќе го има белгискиот тенисер Зизу Бергс кој е 180 најдобар тенисер на АТП листата и ќе ја има фаворитската улога против Македонецот.

Се вчитува...